Дали случајно или намерно, NASA на својата веб-страница четири дена имаше објавено соопштение за можниот судир на астероидот 2002НТ7 со Земјата на 1 февруари 2019 година, па се реши да го отстрани соопштението. Независни експерти велат дека ако до овој потврден судир и од NASA навистина дојде, тогаш на човештвото веројатно ќе му дојде крајот.
Во својата информација NASA вели дека евентуален судир на овој астероид со нашата планета ќе биде днаков на 30 милиони земски бомби. Националната администрација за вселенски летови на САД, веројатно без да го знае тоа, го декласифицира датумот на крајот на светот, сметаат некои независни експерти.
Сепак, од NASA велат дека нема потреба од вознемирување, затоа што првичните пресметки се покажале како неточни.