Елон Маск и SpaceX ја збунија цела Калифорнија со нивната ракета Falcon 9, за која луѓето помислија дека е вселенско летало.

За оние кои беа скептици дека лансирањето на една обична ракета може да изгледа толку спектакуларно, подготвените фотографи обезбедија доказ за тоа.

Кога минатата недела SpaceX реши да ја пушти ракетата Falcon 9 во ниската орбита на Земјата, сите беа фатени неспремни бидејќи тоа се случи порано од првобитниот план.

Twitter и Facebook беа преполни со слики кои ја покажуваа убавината на „мистериозното летало“, а откако SpaceX официјално ја објави информацијата дека се работи за нивната ракета Falcon 9, која пренесуваше сателити за компанијата Iridium, многумина одбиваа да веруваат во тоа.

Затоа, еден фотограф беше спремен и направи timelapse видео од лансирањето на ракетата, кое потоа го прикачи на Vimeo.

Фотографот Џеси Вотсон имаше 4 камери спремни да го документираат секое движење низ небото таа вечер. Тој ги поставил камерите 45 минути пред лансирањето, но до моментот кога требало да се случи тоа тој не видел никаква активност на небото, па почнал да се загрижува.

Неколку минути подоцна, „вселенското летало“ поминало пред неговиот објектив.

Извор: Kajgana