Американски научници создадоа компјутерска симулација, при која Сонцето исчезнува на 24 часа, и којашто прикажува какви последици би имало тоа врз Земјата.
Веднаш пo замрачувањето на Планетата, за осум минути небото ќе поцрни, а растенијата ќе престанат да произведуваат кислород. Температурата на воздухот првично ќе падне до 5 – 7 степени Целзиусови.
Потоа, насекаде по светот ќе има пад и хаварии во електричните мрежи, а некаде и зголемување на нивото на водите и поплави. Тоа во многу места ќе предизвика целосен мрак, нагол студ, хаос и, секако – човечки жртви.
Само за морската флора и фауна нема да има штетни последици.