Едно од најголемите езера на светот се наоѓа на Антарктикот, но тешко е да се воочи, бидејќи е скриено под мраз, кој е дебел дури 4 километри. Тоа е езерото Восток, кое го пронашле советски научници. Проучувајќи ја водата на езерото, научниците се надеваат дека на тој начин ќе откријат како настанала планетата Земја.
Пред точно 60 години, декември 1957 година, советски научници на најладниот и најоддалечениот регион во Антарктикот основале станица „Восток“.
Со други зборови, таа станица се наоѓа во близина на јужниот пол на Земјата на висина од 3.400 метри над површината на морето.
Преку таа станица руските геофизичари направиле сеизмички профили, за да дознаат што се наоѓа под мразот. Почнувајќи од добиените податоци, научниците претпоставиле дека околу станицата, под мразот се наоѓа вода.
На крај, сфатиле дека станува збор за езеро.
Сепак, долг временски период научниците сметале дека под дебелите слоеви мраз се наоѓа мало езерце.
Дури речиси 40 години подоцна, после првите геофизички истражувања, 1994 година, научникот Андреј Капица објавил дека на Антарктикот е пронајдено гигантско езеро, речиси со исти димензии како и езерото Ладога.
Научниците на различни длабочини од езерото сакале да земат по еден примерок од километарскиот слоеви од мраз, за да ја проучат содржината на гас и со тоа да дојдат до заклучок која клима владеела на Земјата во претходните епохи.
На кратко, руските научници со различни методи досега заклучиле дека од дневна површина езерото е оддалечено 3.7 километри.
Водената „чаша“ е поделена на два дела: Јужен дел, кој е помал, но затоа подлабок, од 800 до 1000 метри, и северен дел, кој е голем и длабок до 300 метри.
Геофизичарите заклучиле дека релјефот на езерото потекнува од релативно млад период од формирањето на површината на Земјата.
С момента, когда я покинул Восток в прошлом сезоне, прошло 10 месяцев – а такое ощущение, что и не уезжал.С первого…
Posted by Alexey Ekaykin on Петок, 15 декември 2017
„Интересот на научниците првично е во насока на барање на возможни облици на микробен живот, кој може да преживее во екстремни услови на температура која е близу нула степени, без светлина, без органски јаглерод диоксид растворен во вода, во состојба на многу долга изолација од останатите живи системи и при недостиг на кислород“, пишува во резултатите од истражувањето на еден од научниците, Сергеј Булат.
Некои заклучоци руските научници се уште ги немаат објавено. Во суштина, се уште не е јасно дали воопшто има живот во езерото под мраз.
Најголем прогрес во испитувањето ќе биде направен кога од дното на езерото ќе бидат добиени примероци на вода, бидејќи таму таа е потопла и има повеќе минерални хранливи материи.
Исто така, постојат и топли природни извори околу кои можеби има живот.
Научниците претпоставуваат дека езерото Восток постоело до моментот кога копното било прекриено со дебели слоеви од мраз, што значи дека во него можеби живееле потомци на древни организми.
Исто така, езерото е интересно и од перспективи за проучување на космосот, бидејќи претставува замрзнат модел на процесот на создавање на планети.
Колку тајни крие Восток ќе покаже времето, но веќе сега е јасно неговото огромно научно значење.
Извор: Alo.rs
Поврзани артикли