Досега беше невозможно да го блокирате главниот шеф на Facebook, Марк Цукерберг и тоа беше многу интересен факт за најпопуларната социјална мрежа. Сега може да го блокирате и него и неговата сопруга Присила Чен, која исто така беше имуна на таа опција одредено време.

Корисниците на Facebook некое време имаа можност да го блокираат било кој профил, но во септември оваа година се испостави дека профилот на основачот на социјалната мрежа бил имун на блокирање. Сите оние кои сакаа да го блокираат и на кои им пречеа неговите објави и live видеозаписи, обично во обидот да го блокираат неговиот профил се сретнуваа со пораката: Овој профил моментно не може да се блокира.

Компанијата одлучи да го укине третманот на највисоко рангираните лицa во хиерархијата на компанијата и да им допуштат на сите корисници низ светот, ако сакаат од било кои причини да ги блокираат.

Извор: Zimo.hr