Твитер профилот на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, исчезна во неделата навечер.
Некои корисници веруваат дека Асанж го избришал својот профил, но има и такви кои сметаат дека Твитер го суспендирал.
Профилот @JulianAssange не постои, причината засега не е позната, а извор близок до „Викиликс“ изјавил дека не бил запознаен со плановите на Асанж за деактивирање на профилот.
Според тековните информации, шансите Твитер да го суспендирал профилот на Асанж се мали, бидејќи неговиот профил не спаѓа во категоријата на поединци за кои е можна декативација.
На 18 декември, Твитер објави нови правила во врска со суспендирање на профили, според кои предвидено е отстранување на секој профил поврзан со било кои групи што шират омраза.
Во исто време, корисниците на социјални мрежи изразија загриженост во врска со безбедноста на Асанж, бидејќи неговиот профил исчезна само неколку дена по наводниот грабеж извршен во канцелариите на мадридското одделение на „Викиликс“
Поврзани артикли