Подарувањето за време на празниците влијае позитивно на пазарот и интересно е да се следи што најмногу се продава, односно, што најмногу луѓето сакаат да си подаруваат. Кога се во прашање подароците поврзани со технологија, последниве неколку години листата не е многу променета.
Дури 68% од возрасните ќе купат барем еден технолошки подарок, а на паметните уреди, електронските уреди и различни технолошки додатоци, луѓето во САД ќе потрошат во просек 478 американски долари. Еве како изгледа листата од технолошки подароци кои најмногу се подаруваат за новогодишните празници.
- 38% слушалки
- 27% паметни телефони
- 27% bluetooth звучници
- 25% лаптопи
- 23% таблети
- 22% дигитални медиа плеери
- 20% телевизори
- 17% конзоли за игри
- 17% тракери на активност
- 16% паметни часовници
- 15% паметни звучници
- 13% електронски читачи
Поврзани артикли