Во кинескиот град Жинан заврши изградбата на вториот дел од патот, кој е изграден од соларни панели. Должината на патот е скоро два километри. Според планот на изведувачите, изградбата на истиот беше планирана до крајот на 2017 година, но најверојатно ќе почека до првите денови од 2018-тата за да почне да се употребува.
„Соларниот автопат“ се состои од три слоја. Горниот слој е транспарентен бетон, кој е сличен по својствата на стандардниот асфалт. Централниот слој е од сончеви панели, додека последниот долен слој е изолација за заштита на сончевите панели од влажно тло.
Забележано е дека наскоро по пуштањето во употреба на патот, ќе има можност да се интегрира безжично полнење за автомобилите, кои ќе се полнат додека возите по патот. Првиот дел од патот со интегрирана фотоволтаична инфраструктура е изграден во септември 2017 година.