Интернационален тим научници „случајно“ стигнаа до големо откритија. Пронајдоа нов вид на материјал кој го нарекоа „Вејл-Кондо полуметал“.

Полуметалот припаѓа на категоријата материјали познати како „квантни материјали“.

Квантните материјали имаат голем број чудни и необични карактеристики, а некои од нив би можеле да придонесат во идниот развој на технолошките иновации како што е квантното пресметување, за кое многумина сметаат дека е следната револуција во компјутерската технологија.

Засега, научниците кои работат со квантни материјали пробуваат да разберат како тие работат и како можат да се искористат во намена која ќе му користи на човештвото.

„Зборот ‘квантни’ кај овие материјали имплицира на тоа дека тие имаат необични карактеристики кои не можат да бидат објаснети со класична физика, туку мора да се вклучи квантната физика“, вели доктор Амалија Кордеа од Универзитетот од Оксфорд.

Бидејќи научниците не можат да ги употребат теориите за да го предвидат однесувањето на квантните материјали, тие често ги креираат самите, па потоа ги надгледуваат за да ги забележат нивните карактеристики.

Откритето на новиот материјал Вејл-Кондо полуметалот дојде баш на овој начин, случајно. Тим од научници од Универзитетот од Виена правеше експерименти за да развие нови материјали, кога дојде до големо откритие – дека постои материјал кој физиката не може да го објасни.

Професорот Булер-Пашен и нејзиниот тим го направија овој материјал експериментирајќи со металите цериум, бизмут и паладиум во многу специфични комбинации.