Седум дена откако најави дека заедно со ракетата планира да испрати и автомобил во вселената, основачот на Space X, Елон Маск, објави фотографија од Tesla Roadster на врвот на ракетата како се подготвува за лансирање.
Серијата фотографии може да се види на Instagram профилот на Елон Маск, а на неа може да се види Tesla Roadster прицврстена за ракетата, точно на средината, поради рамномерна дистрибуција на товарот.
Планот е автомобилот да биде на врвот на ракетата на патувањето према орбитата на Марс. Сепак, Маск предупреди дека првото лансирање можеби и нема да биде успешно.
Tesla Roadster е првиот електричен автомобил кој беше претставен на пазарот пред десетина години. Tesla оваа година пушти во продажба нов Roadster кој е побрз и со посилни перформанси.
„Тест-летовите на новите ракети обично содржат масовни симулатори од бетон и челични блокови. Тоа ни се чинеше бесконечно досадно. Секако, сето она што е досадно е исто така ужасно, па затоа одлучивме да испратиме во вселената нешто необично, нешто што нѐ поттикнува да чувствуваме. Црвен автомобил за Црвената планета“, напиша Елон Маск на неговиот Instagram профил.
https://www.instagram.com/p/BdA94kVgQhU/