Австралиска подморница пронајдена е после потрага која траела полни 103 години, пренесува BBC.
Станува збор за првата австралиска подморница „HMAS AE-1“, која исчезнала во текот на првата светска војна, во водите на Папуа Нова Гвинеја. Подморницата исчезнала на 14 септември 1914 година со 35 членови на екипажот, Австралијци и Британци.
Пронајдена е во текот на 13 мисија во водите во близина на еден остров во Папуа Нова Гвинеја. Австралиската влада соопштила дека со ова откритие е решена една од најстарите поморски мистерии во оваа земја.
„Ова е едно од најважните откритија во историјата на австралиската морнарница. Исчезнувањето на оваа подморница беше прв знак за загуба на Кралската морнарница на Австралија и прва таква загуба на страна на сојузник во текот на војната. Голема трагедија и за нас и за нашите сојузници“, изјави министерката за одбрана Марис Пејн.
Во текот на истрагата користен е подводен дрон, кој истражувал на длабочина од околу 40 метри над морското дно. Подморницата била пронајдена на 300 метри под површината на океанот.
Точната локација на подморницата не е откриена поради нејзина заштита. Не е планирано таа да се префрли во Австралија, но ќе се започне со работа на утврдување на причинителот на несреќата.
Извор: B92.net