Целта на уметноста се повеќе не е да биде убава или пријатна, туку да го охрабри размислувањето и да предизвика реакција. Со таква мисла, исто така, се води и познатиот австралиски скулптор Рон Мук, познат по своите „хиперреалистични“ дела.
Неговата најнова инсталација е изложена во Националната галерија на Викторија во Мелбурн и ќе биде достапна до 18 април. Тоа е инсталација со име Mass, а веќе е именувана како најголема уметничка инсталација во светот.
Се работи за серија черепи со висина од еден метар, а изработени се од стаклени влакна и смола. Тие се неправилно распространети во галеријата, па така може да се пронајдат покрај култни класични слики, а и тоа не е случајно.
Имено, Мук сакал да нагласи дека черепот е препознатлив симбол на сите култури, од средниот век до денес. Покрај тоа, оваа инсталација се смета за студија на смртноста и потсетување на реалноста, како и на илјадниците човечки жртви, од кои останале само черепи.
Поврзани артикли