Вкусната шолја чај е ритуал на многу од луѓето во текот на утринските или пак попладневните часови, како замена за кафе или пак едноставно за љубов кон тој ароматичен напиток.

Меѓутоа, некои истражувања покажале деке еден вид чај може да го зголеми ризикот од одредени карциноми.

Неколку различни студии го проучувале ризикот од различни видови канцер и чајот кој е познат по името мате. Тоа е чај кој се прави од билката ilex paraguariensis. Лисјата од тоа растение се сушат на оган пред да се стават во ќесичка, па потоа ќесичката се става во вода за да се подготви напитокот.

Во разни рецензии овој чај бил пофален поради низата здравствени предности, вклучувајќи го и јакнењето на имуниот систем. Меѓутоа, новите студии наведуваат дека прекумерното консумирање на тој напиток може да делува лошо врз здравјето.

Во едно студија објавена во списанието „Cancer Epidemiology Biomarker and Prevention“ се сугерира дека овој чај може да го зголеми ризикот од канцер на белите дробови и дигестивниот систем, како и канцер на јајници, желудник, црева, црниот дроб.

Експертите сугерираат дека поради фактот што тој чај содржи канцерогено соединение кое се нарекува полициклични ароматични јаглероводорот.

Каде на друго место тоа соединение може да се најде?

Тоа исто така може да се пронајде во печеното месо на жар и во чадот од цигарите. Во дел од студиите, експертите откриле дека супстанцијата може да го зголеми двојно ризикот од канцер на јајниците.

Извор: B92.net