Праисторискиот предатор чиј фосил беше најден во канадските Карпести Планини е древен предок на пајаците и скорпиите, покажаа најновите научни истражувања.

Ова „чудовиште“, познато како Habelia Optata, живеело во Среден Камбриум, најраниот период на Палеозоикот, пред околу 508 милиони години.

Се појавило во „камбријската експлозија“, период во историјата на Земјата во кој настанале голем дел од денешните групи на животни.

Иако Habelia има особини како и многу денешни животни, како сегментирано тело и надворешен скелет како кај инсектите, научниците уште не се сигурни на кој вид би можело да припаѓа ова суштество.

Структурата на телото на Habelia е најслична на пајаковидните животни кои имаат зашилени екстремитети и главоградна регија што им служела за забодување на пленот.

Анализата на фосилот на Habelia покажа дека овие организми имале такви зашилени пипала околу устата и на главата имале „цел арсенал најразлични оружја“, кои во комбинација со нивните исклучително развиени нозе укажуваат дека овие суштества биле едни од највештите ловци и предатори на морското дно.

Доктор Седрик Арија, палеонтолог од Универзитетот во Торонто, вели дека овие организми најверојатно се хранеле со трилобити, друг вид праисториски животни.

„Биле многу подвижни животни кои го растргнувале нивниот плен“, објаснува Арија.

Нивната големина достигнувала до 2 сантиметри.

Извор: B92.net