Во јуни оваа година Google најави дека во својот Chrome прелистувач ќе вгради систем за блокирање на реклами. Се работи за реклами кои не се во согласност со стандардите на „Coalition for Better Ads“, односно Коалиција за подобри реклами, чии дел се Google.
Како такви реклами се сметаат они кои се појавуваат на целиот екран, реклами кои почнуваат да пуштаат звук самите и слично, односно кратко кажано, рекламите кои сметаат за нормално разгледување на веб страната.
Google кога го најави ова во јуни се што истакна е дека блокирањето на реклами ќе започне во 2018, а оваа недела добивме и конкретна дата.
Системот за блокирање на реклами ќе започне да функционира од 15 февруари идната година. Сопствениците на веб страни кои ќе имаат „проблем“ со овој нов систем ќе можат да ги пријават своите страни за повторна евалуација по средувањето на рекламите.
Во основа ова може да се каже дека е одлична мерка од страна на Google. Никој од нас не сака да отвора веб страни кај кои од сите страни секакви реклами на секаков начин пробуваат да го привлечат вниманието, до тој степен што веќе самото читање станува скоро невозможно.
Со оглед на популарноста на Chrome, односно пазарниот удел, ваквата одлука на Google ќе ги засегне сите сопственици на веб страни, па веруваме дека ќе има ефект на средување на голем број на страни.