Twitter од денеска ќе почне да применува нови правила со кои ќе ги суспендира профилите на корисниците кои промовираат омраза, повикуваат на насилство и имаат непримерни симболи и фотографии.
Како што беше најавено во ноември, Twitter ќе почне да ги казнува корисниците чии фотографии содржат непримерни знаци и знамиња, како што се нацистичките симболи, како и оние чие корисничко име или профил промовираат омраза.
Twitter на овој начин пробува да се бори против злоупотреба и вознемирување. Корисниците поврзани со десничарските или нацистичките движења беа под надзор на компанијата поради предизвикување на расна нетрпеливост, ширење на лажни вести и напад на критичарите, првенствено демократите. Претходно во оваа година во Вирџинија беше организиран неонацистички собир токму преку Twitter.
Баш поради тоа, Twitter, почнувајќи од 18 декември почнува со „чистка“, поради која одредени корисници се заканија дека ќе преминат на Gab, социјална мрежа која е пријателски настроена према десничарите.
Поострата политика е резултат на притисок од корисниците и регулаторите од целиот свет како би се намалил говорот на омраза.
Извор: Klix.ba