Ова го знаеме сите: најголемата жртва на автоматизацијата се работниците што во фабриките работат на производна лента. Пред да помислите дека ова правило важи само за производство на автомобили и големите машинерии, размислете уште еднаш: револуцијата веќе почна, а ако ве интересира за што се работи, слободно гуглајте за роботизацијата во Донгуан во провинцијата Гуангдонг.
2. Видеомонтажери
Пред да почнеме, погледнете го ова видео:
Дали сте знаеле дека вештачката интелигенција доби цел филм и потоа го направи овој форшпан? Многу експерти ќе се согласат дека ова видео не е совршено, но дозволете му неколку години на „авторот“ и ви гарантираме – критичарите „ќе ги голтнат своите зборови“!
3. Преведувачи и учители по странски јазици
4. Правни работи и адвокатура
Па и не е токму така. Вештачката интелигенција неодамна почна да пишува и да ги уредува сопствените книжевни дела. Најдобар пример е вештачката интелигенција на „Гугл“ која „начкрта“ еден мало парче проза.
6. Услужни дејности
„Мекдоналдс“ полека почна со целосна автоматизација на својот синџир за брза храна. Се покажа дека отворањето ресторани каде што наместо готвачи има роботи (и три-четири оператори) е многу поевтино од вработување и обучување луѓе. Ова се потврдува преку нивниот ресторан во Феникс, кој комплетно е автоматизиран.
Ако овој експеримент помине добро, наскоро ваква практика би можеле да видиме и кај другите ресторани за брза храна.
7. Сметководство и банкарство
Компанијата за финансиски менаџмент SMACC обезбедила 3,5 милиони долари за проектот за сметководство што ќе биде покренато со вештачка интелигенција.
8. Композитори
Треба да се нагласи дека вештачката интелигенција не ги отпеала стиховите, само ја компонирала музиката, а на крај, сè аранжирал, извел и отпеал човечки музичар. Иако концептуално се работи за нешто вонредно необично, самата мелодија и не звучи така лошо.
Ако вештачката интелигенција денес може да создаде вакво нешто, можеме само да претпоставуваме каква ќе биде ситуацијата по десет години.
Извор: Tportal.hr