Facebook воведе нова опција „Snooze“ со која ќе можете повремено да ги „стивнете“ пријателите што некое време не сакате да ги следите, а не сакате ни трајно да ги избришете.
Последица од преголемиот број пријатели на Facebook е канонадата од информации што ни пристнуваат, од оние што ни се важни до оние другите што најчесто ништо не ни значат.
Отсега сите што се нервираат со нечие однесување на Facebook ќе можат да ги „стивнат“ тие пријатели со помош на опцијата „Snooze“.
https://www.facebook.com/facebook/videos/10156872367266729/
Кога објавите од одреден профил или страница ќе станат нешто што не сакате да го гледате, односно да го читате, личност, група или одредена страница, сега ќе можете да ги „стивнете“ на период од 30 дена.
Доволно е само да кликнете на подменито на одреден пост (трите точки) и да ја одберете опцијата „Snooze“. Вашите пријатели нема да добијат известување дека сте ги „стивнале“.
Кога блокадата ќе се приближи кон крајот, ќе добиете известување за тоа за да можете навреме да реагирате и по потреба да ја продолжите. Блокадата може да се прекине во секој момент, па дури и пред истекот на 30 дена.