Извршниот директор на компанијата Apple, Тим Кук објаснил зошто повеќето производи на компанијата и натаму се произведуваат во Кина.
„Постои забуна во врска со Кина. Тоа е мое мислење. Популарната концепција е таа дека компанијата оди во Кина поради евтината работна сила. Не знам во кои делови од Кина одат другите, но Кина престана да биде земја со евтина работна сила пред многу години”, рекол тој на Глобалниот форум кој го организирал „Fortune Magazine”.
Тој рекол дека компанијата Apple произведува во Кина поради големиот број на вешти луѓе на едно место.
„Производите кои ние ги правиме бараат напреден начин на користење на алати и прецизност и работа со материјали кои се како уметнички дела. Во САД можеме да организираме состанок со инженери за работа со такви алати и не знам дали тие би пополниле една просторија. Во Кина би пополниле цели фудбалски стадиони”, рекол тој.
Why Apple Still Uses Chinese Manufacturers
"There's a confusion about China."
Posted by Fortune on Среда, 06 декември 2017
Како што истакнал, станува збор за голема стручност и за неа го пофалил кинескиот образовен систем.
Тој рекол и дека многу држави сфатиле дека треба да се огледаат на Кина во тој поглед.
Претходно и основачот на Apple, Стив Џобс му објаснил на Обама зошто многу работни места во таа компанија ги пополнуваат жители на Кина, а не САД. Тој укажал на бројните предности во кинеското масовно производство, како што се големиот број на фабрики, каде работниците работат по шест дена во неделата, често до 12 часа дневно.
Извор: Blic.rs