Не се откриени вонземски сигнали од меѓуѕвездената вселенска карпа во облик на цигара откриена како патува низ нашиот соларен систем во октомври, изјавија денес научниците кои слушаа за докази за вонземска технологија.
Објектот, наречен Оумуамуа, беше забележан од неколку Земски телескопи пред два месеца.
Со оглед на неговата чудна траекторија, изненадените истражувачи веднаш заклучија дека е надвор од нашиот планетарен систем – првиот меѓуѕвезден објект некогаш идентификуван во нашата средина.
Каменот се проценува дека е долг околу 400 метри и тенок – само околу 40 метри широк, никогаш порано не виден облик на астероид.
Откако беше откриен минатиот месец, проектот наречен Брејктру лисен, посветен на пронаоѓање знаци за вонземска интелигенција ја проучува карпата за вештачки сигнали.
„Не се откриени такви сигнали“ од мрежата на телескопи, објавија од проектот во четвртокот, додавајќи: „анализата сѐ уште не е завршена“, пренесе АФП.
Поврзани артикли