Уметнички Samsung Galaxy Note 8 за 1800 долари

Компанијата Samsung во партнерство со уметникот „99 Avant” претстави ексклузивна верзија на својот главен адут кај смартфоните, Samsung Galaxy Note8. „99 Avant” е познат како илустратор, а сите негови креации се произведуваат во ограничени изданија – по 99 парчиња.

Од ова правило на уметникот исклучок не е ниту јужнокорејскиот производител.

Galaxy Note 8 од „99 Avant” нема ексклузивно менување на перформансите, но затоа доби дополнителна заштита, со претходно изменета позадина врз основа на креациите на „99 Avant”. И екранот е украсен со стилизирани икони на апликации.

Цената на специјалната верзија на Galaxy Note8 – 99 Avant е 1800 долари или приближно двапати поголема од малопродажната цена на уредот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + two =