Apple во јуни оваа година најави дека овој месец ќе биде пуштен во продажба првиот iMac Pro, а сега ги објавија и првите информации за него.

Почетната цена на уредот ќе биде 4.999 долари, а неговата продажба ќе започне задутре, односно 14 декември.

iMac Pro има Xeon процесор, 5K дисплеј и Radeon Vega графичка картичка. Тука се и 128 GB внатрешна меморија, 4 TB опционална меморија, а постои и опцијата да одберете помеѓу Vega 56 или 64 графички чипови.

Со него доаѓа и бел таканаречен Lightning полнач за полнење на црната тастатура, која е ексклузивна за овој модел.

Apple им дозволи на неколку YouTube-ери да го тестираат овој уред за да им дадат фидбек што мислат за него. Заклучокот на сите беше дека овој уред е наменет за професионалци бидејќи одлично се снаоѓа со продукција на 4K видеа и 3Д технологии.

Извор: Klix.ba