Јапонската компанија Taisei разви посебен дрон со необична задача, да ги брка работниците кои на работното место остануваат прекувремено.
Инаку, тоа е една од понапорните и по здравјето и животот поопасни навики за работниците во Јапонија, кои претеруваат со прекувремената работа, што инаку е дел од тамошната работна култура.
Дронот, наречен T-Frend, има само една специфична задача, работниците после завршувањето на работното време да ги предупреди да ги напуштат своите работни места и да си одат дома.
T-Frend ќе лета по канцелариите со намера песната „Auld Lang Syne“, која инаку во Јапонија обично се пушта како знак за крај на работното време, со своето гласно зуење да ги избрка работниците.
Компанијата Taisei овој производ, од следната година, ќе им го изнајмува на заинтересираните компании по цена од 443 долари месечно.
Извор: B92.net