Познатиот твитерџија кој објавува точни неофицијални информации за производителите на мобилни уреди, Evan Blass објави информации за следниот модел од Huawei, односно P11. Во твитот што тој го објави се презентираат информации за камерите во новиот модел. И во новото издание, Huawei соработува со Leica, а задната камера би имала хибриден зум 5 пати со резолуција од 40 мегапиксели, додека задната камера би имала резолуција дури од 24 мегапиксели.
Is the next Huawei P-series going to be an imaging powerhouse? A digital artist at one of the company's creative agencies added these "PCE Series" ads to their portfolio — claiming 40MP, 3 lens rear (5x hybrid zoom) + 24MP selfie, all Leica-co-developed. pic.twitter.com/t8w3VlL55L
— Evan Blass (@evleaks) December 6, 2017
Според Bliss, информациите се добиени од маркетинг агенцијата која изработила маркетинг материјали за соодветниот телефон. Huawei беше еден од првите производители кои започнаа да користат две камери на задната страна, а во новиот модел веројатно ќе имаат три камери. Засега нема информации за датумот на промоција на новиот модел, но моделот P10 (и P10 Plus) беа презентирани годинава во февруари, па нема да изненади P11 да биде претставен во февруари 2018-та година.