Во јужниот кинески град Шензен е пуштена во употреба новата генерација на автобуси опремени со напредна технологија, така што градскиот превоз е без возач.
Четирите автономни автобуси во саботата беа тестирани на патиштата во Шензен.
Станува збор за патнички автобуси помали од класичните – дело на Националниот центар за инженеринг и транспорт и компанијата „Шензен бас груп“. Автобусите дури имаат и седиште за возачот, за безбедност, меѓутоа, тие се автоматски управувани по дизајнираните рути без возач. Можат автоматски да избегнуваат пешаци, да забрзуваат, да ја намалуваат брзината, да запрат набрзина, да менуваат патишта и да навигираат со семафорите.
Ху Џианлинг, извршен директор на „Хеилон“, компанија што се јавува како партнер за развивање на овие автобуси, вели дека тест-возилата чинат 76.000 долари.
Безбедноста е клучна кога станува збор за возила што возат сами. Ху вели дека постојат седум активни безбедносни функции во секој автобус, вклучувајќи ласери, инфраред-светло, радар, сензори и систем за визуелно скенирање.