Apple го претстави новиот апдејт на iOS кој што отстранува бројни багови, но и нуди нови можности.
Станува збор за iOS 11.2 кој што пристигнува само неколку часа откако баг започна да го соборува iOS 11.1.2 во случај кога апликација од трета страна користи повторувачки нотификации како на пример потсетникот.
Од Apple и официјално го претставија новиот iOS 11.2 кој што го решава споменатиот проблем, но истовремено нуди и некои нови и интересни можности.
Имено, iOS 11.2 е голем апдејт кој што ја вклучува и Apple Pay Cash услугата, засега само за корисниците во Соединетите Американски Држави. Станува збор за услуга достапна во апликацијата Messages и им овозможува на корисниците на iPhone со неколку едноставни чекори да испратат пари на некого.
Парите се депозитираат на Apple Pay Cash картичката во апликацијата Wallet на iOS 11.2 и може да се користи за купување преку Apple Pay услугата или да се префрла на банкарска сметка.
Покрај тоа, новиот iOS 11.2 носи можност за брзо полнење за iPhone X и iPhone 8. Апдејтот поседува и нови Live позадини какви што можеа да се видат на рекламите за iPhone X.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли