Кога станува збор за превозните средства од иднината ретко кој прво би помислил на скејтбордот. Компанијата Stark Mobility одлучи да го промени тоа со своето решение за градскиот метеж во форма на електричниот скејтборд StarkBoard.
StarkBoard е многу практичен за возење и е наменет за сите возрасти. Овој гаџет може да се спореди со сегашните Segway уреди и ховерборд, но креаторите на StarkBoard тврдат дека нивниот електричен скејтборд ќе биде далеку побрз и ќе може да прави се што прават класичните скејтборди.
Предноста на овој скејтборд е електричниот погон. StarkBoard ќе има посебни стабилизатори за да го возат и почетници. Не е дизајниран за професионални скејтери туку како првозно средство за полесно движење низ град. StarkBoard има предни и задни ЛЕД светла кои овозможуваат да гледат и во мрак. Цената ќе изнесува 1.000 долари. Ќе се најде во продажба од јануари идната година, а на платформата Indiegogo моментално е достапен по цена која е 45% пониска.