Европскиот воздухопловен концерн Ербас, британски Ролс-Ројс и германски Сименс најавија соработка околу развој на технологија за хибридни мотори за авионите во рамки на иницијативата за помали емисии на штетни гасови во воздухопловството, пишуваат британските медиуми.
Првата фаза од програмата Е-Фан Икс предвидува вградување на електричен мотор покрај трите мотора на млазен погон во авионот од типот БАе146, наведува Би-Би-Си.
Секој партнер во програмата ќе вложи десетици милиони фунти, соопштено е на прес конференција.
Компаниите ќе развиваат хибридна технологија бидејќи електричните мотори за авионите во моментот не се можни, рече портпаролката на вој проект.
Ограничувачки фактори се моментално тешката батерија на која се надоврзува и тежината на опремата за разладување на електричните мотори.
„Хибридно-електричен погон според наша оценка е оптимална технологија за иднината на авијацијата“, истакнува технолошкиот директор на Ербас Пол Еременко.
Ролс-Ројс ќе произведе агрегат на платформа на авионот Е-Фан Икс кој ќе користи млазен погон и ќе произведува енергија за електричниот мотор. Евентуалниот вишок на енергија од генераторот ќе се складира во батерии во предниот и задниот дел на авионот, а ќе се користи при полетување и слетување.
Програмата Е-Фан беше покрената во 2012 година со соработката меѓу Ербас и Ролс-Ројс.
Компаниите планираат експериментален лет на прототипот на авионот најдоцна до 2020 година, а комерцијалната примена е предвидена најдоцна до 2030 година.
Натпреварот во развојот на електрични мотори за авиони го поттикна Европската унија(ЕУ) со барањето за намалување на загадувањето на околината во воздухопловството. Во рамки на планот Флајтпат 2050 Европската комисија сака емисиите на јаглерод диоксид да се намалат за 60 отсто, загадувањето од водородни оксиди за 90 отсто, а загадувањето од бучава до 75 отсто.
Поврзани артикли