Нуклеарниот силос во американската сојузна држава Канзас, од периодот на студената војна, бил претворен во луксузно подземно сместување со име „Субтер” и достапен е за резервации.
„Домаќинот” на силосот, 37-годишниот Метју Фулкерсон, за AP рекол дека било негова идеја силосот да го претвори во сместување и огласот да го постави на сајтот „Airbnb”.
„На гостите во силосот им е достапна кујна, приватна бања, машина за перење и камин, кој пружа “комфорно чувство во текот на есента и зимата”, рекол Фулкерсон, пренесува Daily Mail.
Сепак, Фулкерсон и неговата сопруга Ли Ен, предупредуваат на „индустриските компоненти” на кои треба да се внимава, бидејќи посетителот може да се повреди.
„Ве молиме да бидете внимателни во ова единствено окружение. Децата не ги губете од вид”, велат Фулкерсонови.