SBH Royal Auto Gallery е „станица“ која што не смее да ја пропуштат љубителите на спортските авомобили за време на нивната посета на Абу Даби.
Музејот SBH Royal Auto Gallery кој што е дом на 37 скапоцени и ретки спортски автомобили, е во сопственост на Шеикот Султан, а оваа „гаража“ е дел од големиот комплекс во чии што рамки се наоѓа и приватна тркачка патека.
Овде на едно место може да се видат најновите „хиперавтомобили“ како што се Lamborghini Centenario, Ferrari LaFerrari Aperta или Bugatti Chiron, но и многу суперспортски автомобили од постарите генерации кои што се многу вредни и ретки.
Меѓу нив е и легендарниот Mercedes CLK GTR Roadster, еден од 5-те такви автомобили на светот, но и Bugatti EB110, модел со кој што овој бренд практично зачекори во модерната ера во 90-тите години од 20-тиот век. Сепак, најмногу има модели на Ферари, а секако тука е популарниот “F40”, како и неколку примероци на Bugatti Veyron.
Извор: auto.blog.rs