Езерото Натрон е една од највпечатливите природни атракции на африканскиот континент, но исто така е една од најнегостопримливите водени површини на светот.
Иако на фотографии изгледа многу атрактивно, езерото Натрон во Големата Раседна Долина во Танзанија е многу смртоносно.
Водата што достигнува температури и до 60 степени Целзиусови е многу корозивна и за брзо време предизвикува изгореници. Исто така, водата е многу солена, па во состојба е да „скамени“ сѐ што ќе допре.
Просечната длабочина на езерото е помалку од 3 метри.
Езерото ја добива специфичната розова нијанса во текот на сушната сезона. Како што испарува водата, цијанобактериите во езерото почнуваат фотосинтеза, претворајќи ја водата во отровна течност со боја на шеќерна волна.
Има еден вид, кој не само што преживува во вакви екстремни услови, туку тука доаѓа да се размножува: птицата фламинго.
Дури 75% од светската популација на фламинго птиците потекнува од ова езеро. Тие се хранат баш со цијанобактериите во езерото, од кои пердувите им добиваат розова боја.
Овие птици имаат многу дебела кожа на нозете, па може да ја издржат високата температури на водата.
Во езерото живее и ендемскиот вид риби Tilapia alcalica.
Поврзани артикли