Виетнамската сигурносна компанија Bkav успеа да го пробие Face ID на iPhone X што служи за отклучување на телефонот, заштита на содржините, но и за плаќања преку Apple Pay услугата.
Ова е второ хакнување на Face ID, а овој пат се употребени материјали кои чинат околу 150 долари за да се измами сигурносниот систем.
Ова им успеа со помош на 3D испринтана маска, а на местото на очите се ставени испринтани хартии кои имале слика од очите скенирани со инфрацрвена камера. Ова ја измамило инфрацрвената камера на iPhone X и уредот е отклучен успешно.
За да се изработи ваква маска потребни биле 10 часа, а за неа е потребна посебна опрема која секако не се наоѓа во домовите на обичните корисници, но го потврдува фактот дека не е невозможно да се измами Face ID, без обзир на тоа што Apple тврдеше дека системот е неверојатно прецизен и безбеден.
Apple не го коментираше ни првото хакнување на Face ID, а дали ќе остане на тој став ќе видиме после ова видео.