Дали некогаш сте помислиле дека ќе можете да извршите телефонски повик без телефон, користејќи ги вашите раце? Или можеби отсекогаш сте сакале да имате личен робот во вашиот дом? Денес, сето тоа за кое сте мечтаеле, е реалност. Но дали навистина светот е подготвен за технолошки иновации?
1. „SpotMini“ – За оние кои не можат да имаат вистинско куче
Спот је робот на четири нозе – тој може да трча наоколу, да се качува по скали или да ви донесе нешто ако ви треба. Околу него не е потребна голема грижа. Ова куче нема потреба за храна, шетање ниту пак може да е агресивно, а вашите деца ќе го обожаваат. Совршен е домашен миленик.
2. „ORII“ – паметен прстен што ја има моќта на говорот
Ова мало технолошко достигнување би го носеле на вашиот прст. Има коскена спроводливост и двоен микрофон, што значи дека не ви се потребни слушалки, бидејќи преку вашите коски звукот ќе доаѓа до вашето уво. Повеќе нема да морате да го вадете телефонот од џебот за да се јавите или да испратите порака. Доволен е допир на увото за да воспоставите повик.
3. „Sgnl“ – користете ги вашите прсти како телефон
„Sgnl“ е паметна трака што ви овозможува да се јавите од вашиот прст. Траката на пример, можете да ја замените со ракавицата од вашиот класичен часовник. Сè што е потребно е да ја поврзете со вашиот паметен телефон преку блутут и да уживате во разговорот.
4. „Muzo“ – обезбедете си тишина каде и да се наоѓате
Ако сте уморни од вревата што секојдневно ве опкружува, и ако не можете да побегнете од неа, сега со помош на револуционерниот акустичен уред против вибрации, можете да си ја завршите работата без пречки, бидејќи уредот може да ги уништи разните звуци на вибрација.
5. „Nora“ – паметно решение за оној кој грчи, спас за неговиот партнер
Овој додаток во вашата спална соба работи на следниот начин: Под вашата перница на која спиете, ја ставате основата на уредот, а над креветот го ставате самиот уред. Доколку во текот на сонот започнете да грчите, тогаш уредот нежно ќе ви ја премести главата, без да ве разбуди, а вие ќе престанете со грчењето.
6. „Scribble“ – пенкало што може да ја има секоја боја што ќе ја посакате
7. „Juno“ – Интелигентно огледало за шминкање
Oва огледало има 4 функции: можете да го користите како светло за читање, огледало за шминкање, звучно светло за музика и дел каде што можете да ја ставите вашата шминка.
8. „iLi“ – преведувач што можете да го носите насекаде
Кажете им збогум на јазичните бариери што сте ги имале досега. Овој лесно пренослив преведувач е најдобра опција за оние кои патуваат, а може да ги преведи речениците за 0.02 секунди, и не му е потребна безжична мрежа.