Автобуси без возачи до 2022 година ќе се најдат по улиците на Сунгапур во рамките на планот за подобрување на мобилноста во тој пренаселен азиски град-држава, кој би можел да стане клучен играч во таа технологија
Сингапур досега успешно ја спречуваше гужвата која ги гуши другите градови како Манила и Џакарта со помош на надомест за користење на јавните патишта, па поради тоа спаѓа во најскапите градови на светот за сопствениците на автомобили. Сега градот сака да усвои технологија за беспилотни автобуси за уште повеќе да ги одврати жителите од користење приватни автомобили, пренесува Bizlife.
Автобусите без возачи ќе се вклучуваат во сообраќајот кога ќе има најголем метеж. Ќе сообраќаат во три нови приградски населби во рамките на пилот проектот. Според властите технологијата ќе му помогне на Сингапур да го ублажи недостигот од простор и работна сила кои момнтално го органичуваат копнениот превоз. Околу 10 локални и странски компании моментално во Сингапур тестираат технологија за автономни возила.
Поврзани артикли