Геофизичарите, геолозите и вулканолозите објавија дека откриле дури седум вулкани на дното на Тиренското Море. Резултаѕите од истражувањето беа објавени вчера од Националиот институт за геофизика и вулканологија на Нов Зеланд.
Истражувањето покажа постоењето на синџир од 15 вулкани во јужниот дел на Тиренското Море. Структурата долга 90 километри и широка 20 метри, се развива кон исток.
„Јужната оска во Тиренското Море се карактеризира со присуство на бројни вулкани, некои се појавија порано, некои се под вода. Овој синџир на вулкани, е неодамна идентификуван и опишан во студијата, и се протега на околу 90 километри јужно од брегот на Салерно“, вели Гвидо Вентура, еден од научниците кои се дел од експедицијата која ги лоцираше овие подводни вулкани.
Собраните информации овозможија да се открие големината на целиот вулкански синџир.
„Покрај се друго, многу од овие вулкански структури имаат карактеристики во согласност со отворањето на микро-океанските басени каде што се создава кора на нова земја, како резултат на искачување на магмата“, вели Салваторе Песаро, морски геолог.
Овие вулкани биле активни помеѓу 300.000 и 800.000 години, но не се исклучува можноста да биле активни и во последно време.
Поврзани артикли