Концептот на BMW е спореден со тунелот Hyperloop на Tesla, со тоа што наместо овде наместо брзи возови би се креирала мрежа на за електрични велосипеди и скутери.
Со оглед на напорите на кинеските власти да го ограничат користењето на приватни возила во „загушените“ и загадени големи градови, BMW решението го гледа во форма на издигнати патишта за велосипедисти, како начин да ги мотивира учесниците во сообраќајот во урбани услови на превоз да користат возила на две тркала.
Концептот на BMW е спореден со тунелот Hyperloop на Tesla, со тоа што наместо овде наместо брзи возови би се креирала мрежа на за електрични велосипеди и скутери.
Идејата е ттехнолошки да се подобри овој вид на транспорт кој и онака е веќе популарен во Кина, и тоа на начин што возењето велосипеди ќе биде побезбедно и можно дури и при лоши временски услови.
Возачите би изнајмувале електрични велосипеди или би плаќале фиксен надоместок за поминато растојание ако користат сопствен велосипед, а плаќањето автоматски би се вршело преку мобилните телефони.
„Ние се вклучивме во бизнисот за обезбедување премиум транспортни решенија, а ова многу се вклопува во тој опис“, вели Рајнер Дауде, шеф на Канцеларијата за истражување и развој на BMW во Минхен, при презентацијата на оваа идеја во Шангај.
BMW оваа идеја ја нарекува „E³ Way“, бидејќи како што велата, дефинира три карактеристики – височина, електрична енергија и ефикасност.
Проектот е дело на Центарот за истражување и развој на BMW во Шангај, односно Универзитетот Тонгџи, кој помогнал со структурните елементи.
„Тоа е нашиот „Hyperloop“, вели Маркус Зајдел, шеф на BMW Techology Office China, на контото на Hyperloop One проектот кој има за цел да поврзува градовите од ултрабрзи возови кои се движат низ тунели или издигната цевкаста мрежа.
Од BMW велат дека проектот е сличен на „open-source“ во тоа што ќе бара учество на различни страни. Сепак, BMW се надева дека ќе собере пари преку 20 регистрирани патенти доколку проектот добие зелено светло, вели Зајел.
Велосипедските патеки на иднината не само што ќе помогнат да се намали загадувањето и сообраќајниот метеж, туку исто така ќе значат и побрз транспорт за луѓето што користат велосипеди или скутери. На пример, сообраќајниот метеж во Пекинг, во просек додава 75 минути изгубено време, според истражувањето на BMW.
BMW и Универзитетот Тонгџи детално испланирале два правци од вкупно нешто повеќе од 20 километри во Шангај, со цел да се скрати времето поминато во сообраќај и на градот да му се подари нова туристичка атракција.
Исто така, BMW би можел да профитира од изнајмувањето на електрични велосипеди. Германскиот производител на премиум возила продава и велосипеди на батерии – Active Hybrid e, со автономија од 100 километри и максимална брзина од 25 km/h. Претходно оваа година, мото одделот на BMW го најави електричниот скутер X2City, кој ќе го продава компанијата специјализирана за велосипеди и фитнес опрема – Kettler.
Кина е веќе светски лидер во користењето електрични велосипеди, со околу 250 милиони единици низ целата земја. На нив отпаѓа 20 проценти од транспортот во Шангај.
„Е-велосипедите ќе станат масовен вид на превоз за кратки и средни растојанија“, вели Дандан Вонг, проект менаџер на BMW за урбан транспорт на иднината.
Поврзани артикли