Со оглед на тоа што денес сè повеќе се користи безжичниот пренос на сигнали, сè поголем е и бројот на оние што се обидуваат да влезат и во обезбедените и во слободните безжични мрежи и бесплатно да користат нечиј интернет. Доколку вашата мрежа е обезбедена со тајна лозинка, извршени се проверки од страна на провајдерот и сè е во ред од нивна страна, а интернет-врската и понатаму е слаба, или пак ако забележувате некои други чудни работи на компјутерот, време е да го тестирате бројот на корисници што ја користат вашата мрежа.
„Кој е на мојата безжична мрежа“ (Who is on my WiFi) е едноставна програма за откривање корисници прикачени на некоја безжична мрежа.
По инсталацијата ќе добиете основно објаснување за начинот на користење на апликацијата, како и опција да ја скенирате вашата мрежа. Тогаш ќе се појави табела со сите приклучени уреди, каде што се гледа MAC-адресата, како и локалната IP-адреса.
Доколку имате многу поврзани уреди, најлесниот начин за идентификување е да ги исклучите еден по еден. Погледнете како функционира.
Извор: Факултети.мк