Иако годинава покажа колку непредвидливи можат да бидат криптовалутите, биткоин продолжува да расте и покрај повремените застои. На почетокот на неделава, криптовалутата проби уште една граница па така еден биткоин сега е еквивалентен на 8 000 долари, пишува порталот ICT Business.
Во понеделникот биткоин достигна вредност од 8290 долари, нешто што не успеаја да го предвидат ниту најпознатите аналитичари на пазарот. И покрај тоа што во последно време беа забележани три пада на криптовалутата од повеќе од 25%, биткоин уште посигурно го бележи својот раст.
Скептиците сметаат дека ова е само балон кој се очекува да пукне, но биткоинот има сѐ поголема важност на Wall Street што е тешко да се игнорира. Други аналитичари пак очекуваат биткоинот да продолжи да расте, па останува да видиме дали до крајот на годинава ќе ја надмине границата и од 10 000 долари.