Необичен голем објект, кој неодамна бил забележан како прво тело од некој друг ѕвезден систем коe миналo низ нашиот, овие денови станал уште понеобичен – имено, се покажало дека има неверојатно издолжен, сложен облик, кој потсетува на цигара или на брод од SF филм.
Објектот наречен 1I/2017 U1, односно Оумуамуа, што на хавајски значи “гласник од далечините”, е долг околу 400 метри, со тоа што должината му е околу 10 пати поголема од ширината.
Пред Меѓународната астрономска унија да му го даде името Оумуамуа, некои астронаути предложиле да се нарече Рама во чест на вонземјанскиот вселенски брод од романот на Артур Кларк, “Средба со Рама”.
Астрономите, според чудниот облик на овој астероид, утврдиле дека не потекнува од тука. И навистина, не изгледа како ништо досега видено.
Астероидот е долг, со големина на фудбалски терен, и темна боја поради константната изложеност на смртоносните космички зраци.