Полицијата во Франција објави дека има сериозен успех во борбата против прекршителите на сообраќајните правила откако почнала да користи дронови со камера. Проектотот стартувал во градот Бордо, благодарение на што стотици возачи се казнети заради непочитување на ограничената брзина на возење.
Самите возачи изразуваат незадоволство од оваа мерка, бидејќи сега, освен на камери и полициски патроли, мора да внимаваат и на дронови на небото. Според нив, ова им го одвлекува вниманието од патот и создава дополнителни предуслови за несреќи.
Сосема обратно, претставници на полицијата тврдат дека дроновите стануваат главни асистенти во нивната работа. За да се регистрира сообраќаен прекршок сега нема потреба од полициска патрола во близина.
Дроновите регистрираат прекршоци од речиси секаков вид, а не само за непочитување на ограничената брзина. За еден час, тие снимаат најмалку 20 возачи кои не ги почитуваат правилата. Во целина, полицијата користењето на дроновите го оценува за успешно и се очекува да се користи не само во другите региони на Франција, туку и во соседните земји.