Јапонскиот телеком оператор SoftBank влезе во партнерство со Hondа за комуникациската технологија во облак која се наоѓа во роботите Pepper да ја донесе и во беспилотните автомобили на Hondа – NeuV и Sports EV, кои на пазарот треба да се најдат до 2025 година, пренесува Vidi.hr.
SoftBank е една од компаниите кои веќе тестираат 5G во Јапонија, а првата мреќа од петтата генерација ќе биде лансирана до 2020 година. Пред тоа, од 2018 година, Honda и SoftBank ќе тестира меѓусебна компуникација меѓу конектираните автомобили на тест стазата на Hondа со должина од 6,8 км, околу која ќе бидат поставени 5G базни станици со цел развој на 5G технологијата и антени за автомобилите.
Тогаш ќе дознаеме и како функционира таканаречениот emotion engine на Honda, кој овозможува автомобилите да реагираат на разговорот и на емоциите на својот сопственик.
Поврзани артикли