„Facebook“ ги засилува напорите да привлече креатори на содржини од „YouTube“, пишува „Fortune“.
Социјалната мрежа објави дека пушта нова мобилна апликација „Facebook Creator“ која нуди ексклузивни алатки за креирање и промовирање на видео стриминг. Освен тоа „Facebook“ создала нова секција во десктоп верзијата на својот сајт, наречена „Facebook for Creators“ каде креаторите на видео можат да добијат совети како да ги подобрат своите вештини во создавањето на видео и да стигнат полесно до гледачите, кога ги користат функциите на социјалната мрежа.
Мобилната апликација, која дебитираше на 16-ти ноември на „iOS“ и ќе стане достапна во „Android“ во наредните месеци, им овозможува на корисниците да додаваат вовед и финале на „Facebook Live“ емитувањата, како и рамки и налепници.
Креаторите на содржините, исто така, ќе можат да користат посебен дел за да одговорат на коментарите под нивните видеа во услугата на „Facebook“, вклучувајќи ги апликациите „Instagram“ и „Messenger“. Апликацијата исто така нуди видео и анализи на страници, кои им овозможуваат на корисниците да следат како следбениците ја гледаат нивната содржина.
„Facebook“ ја објави новата апликација во јуни. Компанијата се обидува да продолжи со изградба на своите дигитални видео услуги. Таа го објави својот сервис за телевизиски стриминг оваа година и наводно планира да инвестира до 1 милијарда долари годишно во оригинална содржина. Вториот ќе биде во обид да се натпреваруваат подобро на пазарот каде што веќе има имиња како што се „Netflix“ и „Amazon“.