Новата генерација на роботот-куче “Spot Mini” на компанијата Boston Dynamics изгледа прилично морничаво, иако роботот е доста понапреден од претходниот модел кој што беше претставен минатата година.
Компанијата Boston Dynamics која што сега е во сопственост на јапонскиот телеком и технолошкиот гигант “Soft Bank”, објави на “YouTube” кратко видео на кое што прикажаа како изгледа новиот робот-куче “Spot Mini”.
Со неговите флексибилни движења, овој робот-куче навистина изгледа подвижно. Boston Dynamics покажа голем напредок во развојот на карактеристиките на роботот со оглед на тоа што првиот “Spot Mini” од 2016-та година не покажа завидни способности кога станува збор за вршењето на задачите и „слушањето“ на сопственикот.
Првиот ваков робот-куче беше тежок 25 килограми, целосно работи на електричен погон, а со едно полнење може да работи 90 минути. Станува збор за еден од „најтивките“ роботи на Boston Dynamics кој што содржи низа на напредни сензори за движење и манипулирање со објекти во простор.
Од Boston Dynamics порачаа дека новиот робот пристигнува наскоро, но се уште не е јасно кога ќе биде неговото претставување.
Извор: Zimo.hr