„Кога станува збор за правењето хардвер сите патишта водат до Шенжен“. Овој кинески град е познат како светска фабрика и кинеска престолнина на гаџети затоа што најголем дел од уредите коуи се користат на глобално ниво се произведуваат токму таму. Всушност, сајтот Inc.com напиша дека 90% од електрониката во целиот свет се произведува во Шенжен, вклучувајќи играчки, телевизори, мобилни телефони и дронови.
Градот расте и се развива како резултат на незаситната побарувачка на електронски уреди во светот и сега е еден од најголемите и најбогатите градови во Кина. Таму се највисоки цените на недвижностите, има највисок БДП по жител во Кина и се рангира на 8-мо место на глобалната листа со градови со најмногу милијардери.
Денес пејзажот во Шенжен е составен од облакодери, од кои некои се изградени, а други уште се градат, додека пред само 30 години Шенжен беше само обично рибарско село се додека не беше избрано да стане првата кинеска специјална економска зона со цел земјата да се отвори кои инвеститори однадвор. Така почна неговата трансформација која трае и ќе трае.
Незадоволни од тоа што се производствена база на светот, Шенжен сака да стане светски лидер за hi-tech иновации. Градот веќе е дом на големи високотехнолошки компании како што се Huawei, ZTE и Tencent. Сега привлекува голем број стартапи благодарение на акцелераторите од типот на Haxlr8r и Brinc, кои не само што сакаат на пазарот да донесат револуционерни технологии туку и да го сменат начинот на кој се дизајнираат производите.
Во минатото доколку сакавте да бидете иновативни, да ја имате најновата технологија, одевте во Силиконската Долина по електроника. Сега треба да дојдете во Шенжен. До 2030 година Шенжен може да стане седмиот по ред најголем контрибутор во глобалниот БДП.
Извор: Иновативност