Доколку дојде до нуклеарна војна, американскиот претседател Доналд Трамп би бил во специјално дизајниран авион, познат како  „National Airborne Operations Center”

Овој авион „Боинг Е-4Бс“ чини 250 милиони долари, а саат време работа чини 160. О00 долари. Тој има широк спектар на одбранбени механизми, меѓу кои е и способноста да издржи електромагнетни импулси. Исто така се користат традиционални аналогни инструменти на летање, за да се избегнат сајбер нападите.

Во главната соба на авионот предвидено е да седат десетина воени аналитичари и стратези, кои ќе го советуваат претседателот како да постапува во случај на нуклеарна војна, а тој на располагање има и антена долга 8 километри, за да може да стапи во контакт со нуклеарните подморници по уништувањето на комуникацијата на Земјата.

Во текот на последната деценија, авионот е стациониран во база во Мериленд, а откако е Трамп на власт, леталото е секогаш ставено во состојба на воена припремност.