По обвинувањата дека малолетните лица се изложени на голема количина непримерени и вознемирувачки содржини, видеосервисот YouTube соопшти дека во иднина ќе вложи поголем напор да ги спречи таквите содржини да стигнат до децата.
На тој начин, корисниците во иднина нема да можат да гледаат непримерни содржини ако не се приклучат на сајтот и ако немаат повеќе од 17 години, наведува компанијата во соопштението.
Најголем проблем претставуваат видеоснимките со ликовите од популарните цртани филмови, кои се полни со насилство и друга експлицитна содржина. Нивните автори намерно ги злоупотребуваат познатите ликови, со цел да ги намамат децата да гледаат вознемирувачки сцени.
Видеоснимките од тој вид се автоматски блокирани на апликацијата YouTube Kids, наменета за прикажување видеосодржини на корисниците помлади од 13 години, како и во рекламите кои се прикажуваат на тој сајт.
Пристапот до спорните снимки, кои се наоѓаат претежно на главниот YouTube сајт, во моментов го имаат сите корисници, иако се случувало проблематичните содржини да се појават и на сајтот YouTube Kids.
Извор: BBC
Поврзани артикли