Коски на летечки предатор кој живеел пред 70.000.000 години и на кого омилена храна му биле младенчиња на диносауруси откриени се во Монголија. Ова животно, со импресивна големина, има распон ан крилата од 11 метри, пренесуваат медиумите.
Фосилот е пронајден на подрачјето на пустината Гоби кое е познато под името Немегт Формејшн. На тоа место веќе се пронајдени коски од многу диносауруси.
Научниците веруваат дека коските му припаѓаат на птеросауруси кои спаѓаат во групата огромни летечки рептили кои живееле заедно со диносаурусите. Тао биле ’рбетници кои можеле да летаат и се верува дека се најголемите летечки животни кои некогаш живееле на земјата.
Веројатно оделе на сите четири нозе, а крилата ги користеле како предни екстремитети и со нивна помош го демнеле пленот. Поради нивната големина, се претпоставува дека јаделе помали диносауруси или младенчиња на поголемите видови.
Иако научниците сè уште не знаат точно за кое животно се работи, биле воодушевени од големината на остатоците, најдени уште во 2006 година. Коските на карлицата биле широки 20 см, па претпоставуваат дека животното било слично на најпознатите видови птеросауруси Quetzalcoatlus и Hatzegopteryx.
Подоцна се вратиле по уште коски, кои биле искршени па им требало многу време да ги состават.
Некои научници веруваат дека пронашле сосема нов вид птеросаурус, па ќе се спроведат понатамошни истражувања.
Извор: Klix.ba