Компанијата Apple работи на редизајнираниот и напредниот iPad, кој на пазарот ќе се појави во 2018 година.
Новиот iPad ќе ги има некои од клучните карактеристики на iPhone X, како што се тенки рабови на екранот, технологија за препознавање на лица Face ID и друго.
Новата верзија од таблетот на Apple веројатно нема да има ниту OLED екран, кој нуди поживи бои, односно поостра и појасна слика.
Најмалку еден нов модел на iPad екранот сличен на оној кој го поседува 10.5 инчниот iPad Pro ќе има Face ID за отклучување на уредот, плаќање и праќање на анимирани стикери.
Оваа технологија воедно ќе значи и крај на копчето „Home“ на iPad, кое од 2014 година поседува вграден скенер за отпечаток на прстот.
Подобрениот таблет на пазарот ќе се појави во текот на следната година, нешто повеќе од една година после последното значително подобрување на iPad Pro.
Извор: Klix.ba