Internet World Stats објави податоци за процентот на луѓе во светот и во државите поедично кои користат Интернет.
Од вкупно 7 519 028 970 жители во светот, 3 885 567 619 луѓе користат Интернет, односно 51,7% од светската популација.
Во Европа пак, 80,2% од населението користи Интернет. Од државите во регионот, Македонија е на третото место, односно, 72,2% од граѓаните во Македонија користат Интернет, известува Рефлектор.
На прво место во регионот е Словенија со 75,5%, па Хрватска со 74,4%, после нас следуваaт Црна Гора со 69,9%, Босна и Херцеговина со 69,3%, Грција со 69,8%, Србија со 67,1%, Албанија со 66,4%, а последна е Бугарија со 59,8%.