Обожавателите на уредите на компанијата Apple во текот на изминатиов викенд направија буквално се’ само за да успеат да го купат најскапиот iPhone на сите времиња – популарниот iPhone X.
После само два дена, залихите во продавниците во 20-те најголеми американски градови буквално “пресушиле”.
На официјалната интернет страница на Apple е објавено дека новиот iPhone X, чијашто цена пак се движи од 999 долари па нагоре, е недостапен во најголемите градови во САД, а помеѓу нив се и Њујорк, Бостон, Чикаго, Денвер, Хјустон, Далас, Минеаполис, Сан Антонио, Остин, Лос Анџелес, Феникс, Филаделфија, Сан Диего, Сан Франциско, Вашингтон, Албукерки, Лас Вегас, Шарлот и Рали.
Во неделата помал број на уреди биле достапни во Портланд, Орегон, Сиетл, Скотсдејл, Тусон, Санта Моника и Нортриџ, но и тие залихи до крајот на денот биле распродадени.
За испорака пак при онлајн нарачки се чека три до четири недели.
Продажбата на новиот iPhone X започна во петокот, во 8 часот, а залихите се ближеа кон својот крај веќе во саботата околу пладне. Редиците биле исклучително долги, подолги отколку во случајот со моделите iPhone 8 и iPhone 8 Plus.
Многумина дури и го купиленовиот iPhone како подарок, но и со цел да го препродадат по цена којашто се движи од 1.500 долари па дури до 5.000 долари…
Извор: Klix.ba